Фото: Архива

Поради интервенција на главната водоводна цевка Ф1600 мм во Рашче, утре од 17 часот намален притисок или прекин на водоснабдување ќе имаат повеќе населени места во Скопје.

Како што соопштија од ЈП „Водовод и Канализација“, намален притисок или прекин на водоснабдување ќе има во Арнакија, Сарај, Глумово, Горна Матка, Долна Матка, Ѓорче Петров, Влае, Карпош, Жданец, Нерези, Центар, Клинички центар, Кисела Вода, Усје, Пинтија, Драчево, Батинци, Студеничани, Моране, Дел од Гази Баба, Чаир, Скопје Север, Топаанско Поле, Автокоманда и Аеродром.