Екипи на ЈП „Паркови и зеленило“ и Град Скопје ќе извршат пресадување на едно повеќегодишно дрво од типот платан, од улицата Васко Карангелевски во Аеродром. Платанот ќе биде пресаден на претходно избрана локација во Градскиот парк. Пресадувањето ќе биде извршено со специјалната машина за пресадување дрвја, која е во сопственост на ЈП „Паркови и зеленило“.
Дрвото се пресадува поради овозможување на продолжувањето на градежните активности за проширување и изградба на улицата Васко Карангелевски.