Поради силното невреме што пред малку го зафати Скопје, Кризниот штаб на Град Скопје, заедно со сите надлежни служби и јавни претпријатија, е целосно мобилизиран и подготвен за брза и навремена интервенција, соопшти градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук.
– Во постојана координација сме со ЦУК, МВР, ЕВН, Противпожарната бригада на Град Скопје и со сите надлежни институции. Сите расположливи капацитети се ставени во функција, за заштита на граѓаните и спречување поголеми штети и последици. Екипите на Град Скопје ќе останат на терен и во текот на целата ноќ и ќе интервенираат на секоја локација каде што ќе има потреба. Сите граѓани на кои им е потребна помош или друга итна состојба, можат да се јават на телефонскиот број: +389 78 207 687 – напиша тој.
Дополнително, Ѓорѓиевски апелираше до граѓаните да бидат внимателни и смирени и да ги следат препораките на надлежните институции.
































