Нема да функционира опцијата за плаќање билет во јавен превоз со мобилен телефон (валидација преку бројот 185) во текот на утрешниот ден, најавија од ЈСП „Скопје“.
Прекинот на оваа услуга, велат од таму, ќе биде од привремен карактер поради надградба на системот за електронска наплата.
Од среда, како што информираа, опцијата за плаќање со мобилен телефон ќе биде достапна.