Советот на Град Скопје синоќа ја изгласа точката за доделување на субвенции на Јавното Сообраќајно претпријатие – Скопје (ЈСП) за 2023 година.
Одлуката беше донесена на итна вонредна седница, веднаш по завршување на редовната седница.
Од 39-те присутни советници, 32 гласале за усвојување на точката за доделување субвенции на ЈСП.
Тоа значи дека скопјани нема да останат без јавен превоз од 1 јануари, иако претходно постоеја такви стравувања.