Голем дел од централното градско подрачје попладнево остана без семафори.
Граѓаните реагираа до редакцијата на нашиот весник, со тврдење дека во центарот е хаос заради исклучените семафори.
Се обративме во ЈП „Улици и патишта”, од каде ни рекоа дека дежурните служби веднаш излегле на терен, но оти проблемот не бил до семафорите, туку до ЕВН.
Од ЕВН велат дека имало дефект на кој се работи и набрзо, семафорите постепено се вклучуваат. Д.Т.З.