Поради уличен дефект на водоводната мрежа на улицата „16-та македонска бригада“, утре дел од корисниците ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

Без вода од 8 часот, па се до санирање на дефектот, ќе бидат корисниците од улицата „16-та македонска бригада“, од крстосницата со булеварот „Александар Македонски“ до подвозникот Керамидница, како и Противпожарната бригада.