Акција на општина Кисела Вода

Во насока на создавање на чиста и здрава животна средина за живеење, општина Кисела Вода во селото Драчево, започна да врши активности за расчистување на една од најголемите диви депонии.

По целосното расчистување на депонијата, која со години наназад создаваше грда слика и го загадуваше воздухот, на истото место, на површина од над 5.000 метри квадратни, општина Кисела Вода ќе направи зелен парк со многу садници, патеки за прошетки и урбана опрема.

Жителите од селото Драчево, напролет ќе добијат нов голем парк за релаксација и уживање во природа.

За потсетување, во близина на паркот кој наскоро ќе биде направен, пред две години Општината во соработка со Градот Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, од место на кое несовесни жители создаваа дива депонија, направи голема хортикултурно уредена зелена парковска површина.