На кејот на реката Вардар, во непосредна близина на „Алпинистичката карпа“, е поставено првото „соларно дрво“ во Карпош. Станува збор за инсталација преку која, со обновлива енергија, граѓаните ќе можат да ги полнат своите електронски апарти, односно своите мобилни телефони, лаптопи, таблети и електрични тротинети.

Оваа инвестиција општина Карпош ја овозможи преку Германското здружение за меѓународна соработка ( GIZ). Како што нагласи раководителот на Одделението за енергетска ефикасност, Љупчо Димов, ова е прво поставено „сончево дрво“ на територијата на нашата земја. Во иднина, се планира и поставување на бесплатна интернет-мрежа на оваа локација.

Во рамки на проектот финансиран од Германското здружение, локалната самоуправа се стекна и со шест електрични тротинети, кои ќе бидат користени од општинската администрација како превозни средства за тековните потреби.