фото: Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска го назначи Борис Настов за нов в.д. директор на ЈП „Улици и патишта“ Скопје, откако претходно од директорската позиција беше разрешен Бобан Црничиќ.

Борис Настов е дипломиран машински инженер со долгогодишно работно искуство на раководни позиции во Гранит АД Скопје, БАУЕР БГ Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје и Министерство за финансии.