Третата фаза од авионската и од терестичната дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци ќе почне утре. Уништувањето на комарците од авион ќе се одвива утре и задутре (среда и четврток) во раните утрински часови.
Таканаречената терестична или дезинсекција од земја ќе почне на 3 јули и ќе заврши најдоцна до 6 јули, сабота. Оваа дезинсекција ќе се реализира во периодот од 23 до 4 часот, наредниот ден.
Од градот Скопје најавуваат дека доколку временските услови во наведените денови не се поволни, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден кога времето ќе биде поволно, во истиот термин, а во согласност со тоа ќе се извршува и терестичната дезинсекција. Апелираат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.