Делегации од Владата и од Кабинетот на претседателот на државата положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев по повод 118-годишнината од неговата смрт.
Делегација на Владата предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, заедно со министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за финансии Фатмир Бесими, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, положија свежо цвеќе на неговото вечно почивалиште во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
– Сеќавањето на годишнината од смртта на Гоце Делчев, како знаменосец на македонската револуционерна борба, е и чествување на вредностите што тој ги застапуваше во борбата за слобода и за македонската државност – соопштија од Владата.
И делегација од Кабинетот на претседателот на Македонија предводена од генералниот секретар, Миле Бошњаковски, денеска положи цвеќе на гробот на Гоце Делчев.