фото: МИА

Синодот на Бугарската православна црква на својата редовна седница официјално го прифати томосот што го издадоа СПЦ и нејзиниот поглавар Порфириј, со кој ѝ беше дадена автокефалност на Македонската православна црква.

Според одлуката, БПЦ изразува препорака прашањето за официјалното име да се реши во братски дијалог со гркојазичните и другите помесни православни цркви. Светиот синод на БПЦ на споменувањето на имињата на поглаварите на православните цркви во својот диптих додаде дека архиепископот Стефан треба да се споменува како „блажениот Стефан архиепископ на Северна Македонија“.

За дописникот на МИА од Софија, член на Светиот синод коментира дека БПЦ е една од првите што ја признала духовната независност на Македонската православна црква, за разлика од другите православни цркви.