Вредноста на синдикалната минимална кошница за август 2026 година изнесува 68.675 денари, што е за 177 денари повеќе во споредба со јули, кога изнесуваше 68.498 денари, информира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), пренесе МИА
Најголем дел од месечните трошоци отпаѓаат на храна и пијалаци, за кои се потребни 25.032 денари. За образование се предвидени 7.192 денари, додека за облека и обувки се потребни 6.511 денари.
За станарина, вода, електрична енергија и греење се издвојуваат 6.370 денари, за транспорт 5.175 денари, а за ресторани и хотели 4.131 денар.
Во минималната кошница се вклучени и трошоци од 3.677 денари за комуникации, 2.692 денари за хигиена и 1.196 денари за здравство.
Доколку во пресметката се вклучи и трошокот за изнајмен стан од 60 квадратни метри, вредноста на синдикалната минимална кошница за август се зголемува на 84.050 денари.




































