Фото: З.А.

По тој повод утринава во 10 часот беше отслужена света божествена Литургија од страна на свештеник од кичевското архиерејско намесништво. Литургијата беше отслужена во малата црквичка посветена на светецот која датира од пред три века.

-Нашето село традиционално секоја година на 26 мај го одбележува својот патрон„ Свети великомечаник,Александрија“.По тој повод најпрво во текот на вчерашниот ден кај малата црквичка„ Свети Александрија “се собраа жените од селото на заеднички ручек за здравје на своите сопрузи и синови.Денес во 10 часот беше отслужена света божествена Литургија од страна на отец Александар Матески од кичевското архиерејско намесништво.Денот ќе биде заокружен со заеднички ручек на жителите на селото и нивните гости, кој ќе се организира во Беличката палата-истакна претседателот на МЗ Раде Момироски.

Инаку за овој празник селото е посетено од голем број повремени жители на Белица а не е мал ниту бројот ниту на гости кои доаѓаат од други градови.

Инаку секоја година се бира кум за Александрија а годинава тоа ќе биде Оливера Јованоска.

З.А.