Јавноста се мобилизира за да му помогне на младиот Леонид Индов со собирање на донации, откако неговиот случај привлече големо внимание и беа упатени апели за хуманост на социјалните мрежи.
Леонид се повредил лани на летување во Калитеа, Грција, по што останал врзан за кревет. За неговото лекување потребни се 140 илјади евра. Телефонски броеви за донација се на Т-МОБИЛЕ 143-118 и на А1 143 500.
Предвидено е со донациите што досега беа собрани да се покријат три месеци од лекувањето на Леонид во Австрија, откако младото момче беше транспортирано со хеликоптер во Виена. Но нема кој да ги покрие трите месеци што ќе уследат, бидејќи Фондот за здравство (ФЗО) го одбил барањето на семејството, како што истакна Бранко Индов, таткото на Леонид.
Барањето за Леонид Индов е одбиено како неосновано, бидејќи не се работи за упатување на лекување во странство, туку за извршување на здравствената услуга – медицинска рехабилитација, како продолжено болничко лекување, соопштија од ФЗО.
Се молат сите хумани граѓани кои се во можност за завртат на телефонските броеви, а повикот ќе ве чини 100 денари. Да помогнеме за Лео.
Телефонски броеви за донација:
Т-МОБИЛЕ 143-118
А1 143-500