Фото: Ka.M

Со посна трпеза, грав, сармички, риби, варено вино, денеска на плоштадот „Александрија“ во Прилеп беше одбележан патрониот празник на градот Свети Никола.
За убавото расположение на прилепчани се погрижи поп пејачката Калиопи.

Утрото во црквата „Свето Благовештение“, митрополитот Преспанско Пелагониски г.Петар чиноначалствуваше со божествената литургија. Потоа се одржа и литија од црквата до центарот на градот, каде пред параклисот на Свети Никола започна одбележувањето.

Фото: Ка.M

Годинава домаќин беше конфекцијата „Комфи ангел“ и сопственичката Ирена Јакимоска. Фирмата како општествено одговорна компанија по втор пат е домаќин на градската слава, востановена во 2006 година.

– Со многу љубов и внимание му враќаме на градот, бидејќи Прилеп ни овозможи да ја создаваме нашата додатна вредност. Потребно е секој од нас, поединечно да биде одговорен, да ги почитува вредностите, да придонесува за поубав живот – рече Ирена Јакимоска.

Фото: Ka.M

Градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески соопшти дека догодина локална самоуправа на Прилеп и општинската администрација ќе бидат домаќини на славата, при тоа додавајќи дека Прилеп е препознатлива дестинација во која секој гостин може да го доживее традиционалното.

– Како локална самоуправа ќе продолжиме да го развиваме актуелното творештво и да ги чуваме локалните традиции и духовноста – рече Јовчески.

Фото: Ka.M

Митрополитот г. Петар побара да се негува традицијата насекаде, како што се негува во Прилеп. Ка.М.

Фото: Ka.M