Фото: З.А.

Деновиве во центарот на Кичево е отворен е првиот јавен паркинг за патнички автомобили, со кој ќе стопанисува комуналното претпријатие. Паркингот располага со педесетина места и според првите искуства неговата искористеност секојдневно е речиси стопроцентна.
-Од почетокот на месец февруари започна со работа првиот јавен паркинг во нашиот град, чија тарифа за еден час паркирање изнесува 30 денари, за период од еден месец корисникот ќе го чини 1.800 денари, додека за користење на истиот во текот на целата календарска година граѓанинот ќе треба да плати 18.000 денари. Ова се нови искуства за нашите сограѓани, но според првите сознанија жителите на Кичево брзо се навикнуваат на тоа да платат паркинг место, кадешто безбедноста е загарантирана -велат од комуналното претпријатие.
Оттаму потенцираат дека наскоро ќе почне наплата за паркинг место и на булеварот „Ослободување“, кадешто ќе бидат обезбедени повеќе од 300 паркинг места. З.А.