Фото: М.М.

По вчерашната маратонска седеница на Советот на Битола дојде до ново прегрупирање.
ВМРО-ДПМНЕ од вчера е во опозиција во Советот на Битола.
Од синоќа со Советот на Битола раководи новата неформална коалиција на СДСМ, Поинаку и Левица, која брои 18 советници.
Веднаш откако се формира новото мнозинство во Советот, на истата седница беше донесена одлука за разрешување на управните и надзорните одбори на шест јавни претпријатија: „Водовод“, „Комуналец“, „Пазари“, „Паркинзи“ „Жабени“ и Културно информативниот центар, заради негативните резултати забалежани во нивното работење.
-Членовите на овие управни и надзорни одбори се подеднакво одговорни за катастрофалното работење како и директорите назначени од градоначалникот Тони Коњановски. Коњановски, заради мир во сопствените партиски редови, скоро две години ги штити и брани директорите кои ги претворија претријатијата во загубари. Затоа, разрешувањето на управните и надзорните одбори е единствениот чекор кој може да го преземе Советот во моментов, пред да биде предоцна за спас на претпријатијата од кои зависи секојдневниот живот на битолчани – велат од битолскиот СДСМ.
-СДС, ДОМ, Левица и Поинаку вчера си играа Совет на Општина Битола. Незаконското делување е стил на оваа шарена коалиција која беше дел од Шарената револуција на Заев. Пред расправата и гласањето ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата кажавме дека советничката група нема да учествува во ова незаконие и циркус и ја напушивме седницата на Советот на Битола – рече координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и заменик градоначалник на Битола, Бојан Бојкоски. М.М.