Синоќа во големата сала од Центар за култура „Кочо Рацин“ Кичево, концерт за сите вкусови одржа Зарина Првасевда со нејзиниот ансамбл. Во период од 90 минути беспрекорна интерпретација солистката Евгенија Здравеска изведе повеќе нумери од последниот албум со работен наслов „Ехо“, потоа изведе повеќе песни кои и претходно беа изведувани, како и нумери кои ќе бидат дел од новиот албум.
Таа побара од присутните во салата повторно да ги поканат да настапат во Кичево, бидејќи тие се најголемата инспирација за да имаат толку успешен настап.
-Вечерва благодарение на вашето бројно присуство и громогласна подршка одржавме перфектен концерт. Имавте можност да слушнете песни изведени на четири јазика, а беа интерпретирани песни од последниот албум со работен наслов „Ехо“, како и песни кои се изведувани и претходно и нумери кои ќе бидат дел од новиот албум – истакна на крајот од концертот солистката Евгенија со уметничко име Зарина Првасевда. Таа песната „Седна баба да вечера“ ја изведе во дует со Кирил Спасеноски, локален изведувач.
Преку своите песни Зарина Првасевда ги пренесе приказните од нашите претци од повеќе села во Македонија.
Овој концерт финансиски е подржан од МК со програмата за 2023 година. З.А.