Урнати се 14 дивоградби во Тенеќе маало во Кавадарци, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
– На ова место според програмата за комунална изградба на општината Кавадарци, планирано е да се продолжи со кејот на реката Луда Мара и подигање зелена површина – парк – соопштија од кабинетот на градоначалникот.
Оттаму додадоа дека се поставени и нови канделабри околу зградите и детското игралиште во населба Бел камен.