Синоќа во преполната сала од Центарот за култура „Кочо Рацин“ Кичево и во присуство на голем број на гости од многу друштва од земјава, свештеници од „Свети Јован Бигорски“, предводени од г. Партениј, сестринството од „Света Пречиста“, СОФАМ и други дваесеттиот роденден го прослави КУД „Бисер“ Кичево. Гледачите ги наградија со громогласен аплауз поради 150-минутната програма, полна со динамика, исреплетена со ора песни и инструментални изведби.
-На сцената во овие дваипол часа продефилираа околу 150 играорци од сите генерации. Орски изведби изведоа седум возрасни групи почнувајќи од најмладите до ветераните на друштвото, кои беа и првите играорци на „Бисер“ пред 20 години кога друштвото започна со работа. Громогласните аплаузи од присутните гледачи во салата беа најдобра награда за презентацијата на македонскиот фолклор од страна на нашето друштво – истакна претседателот на друштвото Младен Ванчоски.
На крајот од концертот гледачите беа презадоволни од она што го доживеаја оваа вечер во Центарот за култура. З.А.