Ако навистина сакате да ја видите Македонија во Европската Унија, се надевам дека тоа ќе го покажеме така што заедно ќе чекориме напред – со поддршка – порача пратеничката Моника Зајкова во Софија, реагирајќи на излагањето на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој рече дека Бугарија гледа на Македонија со љубов и навистина сака да ја види Македонија како членка на ЕУ.
Зајкова му возврати на Ковачев дека „љубовта се покажува со дела“, и порача дека по повеќе од две децении европски ветувања, на Западен Балкан повеќе не му се потребни нови декларации за европска перспектива, туку конкретни одлуки што ќе покажат дека реформите носат реален напредок, соопштија од нејзината партија ЛДП.
-Во Солун во 2003 година Западниот Балкан доби јасна европска перспектива. Детето родено тогаш денес има 23 години. Цела една генерација порасна слушајќи: Европа е вашата иднина. Не сакам повеќе да зборуваме за тоа што Европа ќе направи еден ден во иднина. Сакам да зборуваме за тоа што можеме да направиме денес – рече Зајкова.
Таа нагласи дека граѓаните на Македонија бараат процес во кој по секоја исполнета обврска доаѓања заслуженото придвижување воопшто ќе се случи, и додаде дека “македонските граѓани не се уморни од реформите и дека ако од нив се бараат тешки одлуки, реформи и компромиси, тогаш треба да се покаже дека исполнувањето на условите носи видлив напредок.”
































