Фото: Ка.М.

Нов центар за дигитални услуги беше промовиран денес во Прилеп. Во пробниот период од функционирањето на Центарот околу 300 граѓани побарале дигитални услуги, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, кој присуствуваше на промоцијата.

– Центарот е заеднички, партнерски проект на Министерството и ЛС. Ги нудиме сите услуги што ги нуди порталот uslugi.gov. Важно е дека она е што го ветуваме го остваруваме и Прилеп е на мапата на процесот на дигитализација. Во центарот се достапни над 350 услуги за граѓаните. Најкористени се услугите за издавање на изводи на родени, венчани, кои се добиваат за кусо време, уверенијата за државјанство, потврдите за неосудуваност. Ги искористивме вработените кои беа на располагање во Министерството. Ќе следуваат уште пет нови центри во земјата, со што дигитализацијата ја доближуваме до граѓаните. Ова значи побрза и поефикасна услуга – изјави Стефановски, кој посочи дека на ниво на Македонија дигитализацијата добро се спроведува, дека има раст за 22 позиции и сме во група за развиени дигитални држави, но може уште подобро и во следниот период ќе има нови дигитални услуги со поголема употреба на вештачката интелигенција, државен центар за податоци и заштита и поврзување на државата со платформата за интероператибилност.

Фото: Ка..М.

Локалната самоуправа и Владата функционираат на принципот „ветено сторено“ изјави градоначалникот на Прилеп Дејан Проданоски.

– Центарот за дигитални услуги е добар чекор за подобрување на услугите на граѓаните, кои на едно место можат да ги добијат услугите што ги нудат локалните и државните власти. Ова е заеднички проект, а ние обезбедивме канцеларија – изјави градоначалник на Прилеп Дејан Проданоски.

Ка.М.