Доброволци заедно со градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески и претседателот на Советот Дејан Проданоски, денеска започнаа со чистење на бојосаните површини на општинската зграда во време на Шарената револуција во 2016 гoдина.

Прв за чистење по апелот на градоначалникот се пријави адвокатот Жарко Стеваноски кој беше учесник во Шарената револуција и ја „бојадиса“ општинската зграда.

– Храброст е да се валка и да се чисти. Дојдов да се приклучам во чистењето за да се отстрани тоа што се бојадиса во Шарената револуција во која учествував и која не ги постигна целите. Сметам дека уште пред 4 години требаше да се исчисти, ама еве сега е моментот – рече Стеваноски.

Градоначалникот Борче Јовчески посочи дека општинската зграда е лицето на градот и затоа покренал иницијатива за нејзино чистење во наредните денови. Така, вели тој ќе се труди да го исчисти градот и да биде најчист во земјата.

Претседателот на Советот Дејан Проданоски изјави дека чистат како добри домаќини и дека средствата што ќе се потрошат се симболични во однос на тоа дека ќе се исчисти општинската зграда. Ка.М.