Фото: Влада

Новата фотонапонска електрана во Осломеј – Кичево, која е пуштена во пробно производство, покрај енергетска вреднст има и големо еколоко значење за околината.

Согласно законските одредби, концесионерот на рудно наоѓалиште по исцрпувањето на рудата има обврска да го уреди и облагороди просторот и да го врати земјиштето во првобитната состојба. Фотонапонската електрана на АД ЕСМ изградена во кругот на РЕК
„Осломеј“ во Кичево. истовремено е и рекултивација на земјиштето на кое во минатото се ископувал јаглен.

Панелите поставени врз стариот рудник за јаглен ќе произведуваат „зелена” електрична енергија, нема да го загадуваат воздухот и околината, а просторот околу нив ќе биде засејан со трева, која истовремено ќе го врати еко-системот и ќе спречи насобирање прашина врз фотонапонските панели и намалување на нивната ефикасност.

Од тие причини, проектот фотонапонска електрана во Осломеј е значен не само заради неговите енергетски вредности, туку е важен и од еколошки аспект за поблиската
и подалечната околина на РЕК „Осломеј“.

Електраната во моментот е функционална, веќе го користи сонцето кое го има во изобилие на ова поднебје и дава придонес во вкупното дневно производство на АД ЕСМ, се вели во соопштението на АД ЕСМ. М.М.