До официјалното прогласуање на најуспешните битолчани за 2021 година, по изборот на читателите на Битолски весник, остануваат само уште три дена.
Се е подготвено за уште едно спектакуларно прогласување на најуспешните битолчани, кои во 2021 година со своите резултати се афирмираа себеси, но ја афирмираа и Битола. Манифестацијата ќе се одржи во најголемиот ресторан во Битола, „Вавилон“, кој е буквално распродаден. Влезници повеќе нема. Тоа значи дека изборот ќе го следат околу 700 гости, кои навреме обезбедија влезници.
Од преку стотина кандидати, кои конкурираа за признанијата на Битолски весник и оваа година, како и во изминатите 22, ќе бидат доделени над 35 признанија во официјална конкуренција, а ќе бидат доделени и посебни признанија, во голем број области: политиката, стопанството, образованието, естрадата, културата, спортот, новинарството, невладините организации, здравството…
Изборот на најуспешните битолчани ќе се одржи под генерално покровителство на германската компанија „Кромберг и Шуберт”.
Изборот на најуспешните битолчани, кој се одржува во организација на Битолски весник, најстариот локален печатен медиум во Македонија, се случува по 23 пат.