фото: Каролина Мицеска

Прилепските советници на денешната 55 седница на Советот на Општина Прилеп, со мнозинство гласови го усвоија извештајот за работата на Советот на Општина Прилеп за 2024 година.

Воедно дадоа согласност за предложената програмата за работа и развој со инвестициони вложувања и за финансискиот план на ЈКП „Водовод и канализација’’-Прилеп за 2025 година, како и за одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на плата во ЈКП „Водовод и канализација’’- Прилеп, и, согласност за одлуката на ЈКП Водовод и канализација за давање на проектна документација од областа на животната средина, на ЕЛС Општина Прилеп.

При тоа советнците ги усвоија и предложениот финансиски план на ЈКП Комуналец Прилеп за 2025 година, финансискиот план со планирани инвестиции на ЈП за ПУП Прилеп, за 2025 година, програмата за работа на ЈП за ПУП Прилеп со планирани активности во оваа година, како и одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ова јавно претпријатие. На седницата, велат од општината, била усвоена и програмата за работа и на ЈКП Пазари – Прилеп, финансискиот план на ЈКП Пазари Прилеп за 2025 година и програмата за субвенционирање на трошоци од работењето на ЈКП „Пазари“ – Прилеп за оваа година.

На првата седница на Советот на Општина Прилеп, во новата 2025 година, биле усвоени и финансиските планови на ЈОУДГ „Наша иднина’’- Прилеп за 2025 година и на ЈОУ „Дом за стари лица-Киро Крстески Платник’’- Прилеп за 2025 година, како и финансиските планови на образовните институции, на сите средни и основни училишта од Општина Прилеп за 2025 година.

Ка.М.