Во акцијата „Донирај компјутер“, иницирана од Борче Стаменов од Кавадарци, обезбедени се педесет половни компјутери кои се донирани на основното и средното училиште во Македонски Брод, потврди претседателката на „Локал Акт“, Магдалена Здравеска.
Стаменов сосема случајно пред седум години го донирал првиот половен компјутер на здружението „Мајка“, по што бил потпишан меморандум меѓу него и здружението за локален развој „Локал Акт“.
– Здружението за локален развој „Локал Акт“ од Македонски Брод старо само 6 месеци, во ноември изминатата година потпиша меморандум за соработка со здружението „Донирај компјутер“, со кое најпрво беше договорено во Македонски Брод да се донираат 20 половни компјутери. Сепак, благодарение на умешноста на мајсторот Стаменов, во оваа акција се обезбедени дури 50 половни компјутери, кои им беа донирани на двете бродски училишта. Единствениот нов дел на овие компјутери се полначите – истакна преседателката Здравеска и упати апел до хуманите граѓани, секој што има стар компјутер или лаптоп, може да го донира, а собраните компјутери во некоја наредна акција ќе бидат подарени и на други училишта во регионот.
З.А.