Фото: Општина Битола

Евроамбасадорот Дејвид Гир и градоначалникот на Битола Тони Коњановски во присуство на министерката во Министерството за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, денеска потпишаа Меморандум за разбирање за отворање „Куќа на Европа“ во Офицерски дом во Битола.

 – Со овој проект ние целосно го почитуваме културното наследство и минато на офицерскиот дом кој има уникатен белег – истакна евроамбасадорот Гир на свеченоста во битолскиот Офицерски дом.

– Европска Куќа е место за младите за да се собираат и разговараат за прашања кои се поврзани со идниот правец на земјата кон ЕУ, како и за својата иднина како идни граѓани на Европската унија. Европска Куќа е прозорец низ кој се гледа од двете страни, во два правци. Првиот правец на кој младите може да гледаат е патот кој води до ЕУ, а вториот правец од прозорецот е можноста државите членки на ЕУ да го видат огромното културно наследство што го има државата и градот Битола и да го понудат на европската унија. Со овој проект ние целосно го почитуваме културното наследство и минато на офицерскиот дом кој има уникатен белег и сакаме да го пополниме ова место со млади луѓе, со идеи и дискусии и затоа граѓаните Европската Куќа треба да ја чувствуваат како своја куќа, како свој дом, посочи амбасадорот Гир.

М.М