За да се стимулираат завршените основци, средното образование да го продолжат во сопствената средина, општина Македонски Брод како стимулативна мерка одлучи на новозапишаните средношколци и оваа учебна година да им додели еднократна парична помош во износ од 5.000 денари, потврди директорот на бродската гимназија Жарко Стојкоски. Ваквата практика почна минатата година.
– Општина Македонски Брод донесе одлука, за што поголем број завршени основци своето образование да го продолжат во својата средина, на основците од минатата учебна година, вкупно 21, да им додели стимулативна награда од по 5 000 денари. Истата мерка локалната самоуправа ќе ја спроведе и годинава, по завршувањето на третиот уписен рок кон крајот на месецов, кога ќе се знае колку точно ученици се запишале во прва година,иако до денес веќе е достигната бројката од лани и само во првиот уписен рок запишани се вкупно 21 ученик. Новите средношколци средствата ќе ги добијат во текот на летото. Сметаме дека оваа мерка ќе помогне завршените основци, во што поголем број да останат во Македонски Брод – рече Жарко Стојкоски, директор на гимназијата „Свети Наум Охридски“. З.А.