„Едно езеро – безброј приказни“ – прослава по повод Денот на Охридското Езеро во Струга
Струга е домаќин на централната прослава на Денот на Охридското Езеро, која годинава се одржува под мотото „Едно езеро – безброј приказни“.
Во рамки на манифестацијата, градоначалниците на Охрид, Струга и на албански Поградец учествуваа заедно собирот за промоција на туризмот, одржан пред хотел „Дрим“ во Струга.
Општина Струга, „Јуроп Хаус Струга“ и хотел „Дрим“, во соработка со општина Охрид и општина Поградец, за таа цел подготвија богата програма исполнета со култура, музика, креативност и активности за сите генерации. Почетокот на програмата беше во девет часот утринава, а централната свеченост се одржува на струшката „Машка плажа“.
– Да ја раскажеме заедно приказната за езерото што нè поврзува – велат од општина Струга.





































