Фото: Ка.М.

По земени примероци од местото од каде деновиве се вршеа контроли на опожарена
површина во кругот на поранешната фабрика 11 Октомври од Прилеп, од каде граѓаните реагираа дека се шири непријатна миризба, ќе се вршат анлизи. Ова известување од општината доаѓа по најавата дека граѓаните утре/ сабота/ мирно ќе протестираат на тој дел од градот и ќе блокираат крстосница на две улици, со цел да го искажат својот револт од загадувањето на животната средина.

Во соопштението од Општина Прилеп се вели дека на 11 септември до Општината биле доставени две барања, едно од жители на Чачорица и едно од Урбаната заедница Сточен Пазар, по што биле направени увиди од страна на раководител на сектор Инспекторат и двајца инспектори на потегот на ул. „Александар Македонски“ каде работат повеќе правни субјекти, при што е забележана појава на непријатна миризба само од кругот на поранешната фабрика 11 ти Октомври .

– Во кругот на поранешната фабрика 11 ти Октомври ТППЕ Прилеп по пријави за
запален пожар во периодот од 26 август до 14 септември интервенирала 12 пати со 15 пп возила и 35 пожарникари. Вчера по забележана појава на чад извршено е гаснење на опожарената површина со вода и прашкаст материјал по што чадењето престанало и нема повеќе непријатна миризба. Во утринските часови денес е направен повторен надзор на потегот на ул. „Александар Македонски“ и во кругот на поранешната фабрика 11 Октомври при што не е забележана непријатна миризба и утврдено е дека повеќе нема појава на чад и непријатна миризба на местото каде што претходниот ден интервенираше ПП единица – велат од Општина Прилеп.

Во соработка со самостоен инспектор на НККР Прилеп ЕК и крим техника биле земени примероци од местото на опожарената површина, кои с едадени на анализа, при што с еочекува да се добијат резултати, од кои ќе се утврди какви материи гореле и што
било причината за непријатната миризба во тој дел од Прилеп. Ка.М.