Фото: М.М

Ако денот по утрото се познава, тогаш 2023 година ќе биде плодна и успешна.
Таквите се прогнозите поради тоа што првото новороденче во Битола е
женско.

Точно во 1.42 часот по полноќ во Клиничката болница во Битола на
свет дојде малото женско бебе, Христина. Среќната мајка е Сара Поп Атанасова, на која Христина и е прво дете.
Нешто пред полниќ во Клиничката болница во Битoла на свет дојдоа уште две бебиња,
машко и женско.
– Сите мајки се прворотки. Првото бебе во Битола е Христина, а пред полноќ беа
родени уште две деца, машко и женско – известија од битолската гиникологија.

На сите новороденчиња градоначалникот на Битола, им додели пакетчиња со бебешки производи и вредносни ваучери.