Фото: З.А

Синоќа во еден од рестораните во Кичево по 25-ти јубилеен пат се одржа манифестацијата „Вешта жена 2023“. На оваа манифестација за најуспешна беше прогласена масата на Елена Јовческа, која во второто свое учество се искачи највисоко на пиедесталот.

– На годнешната манифестација „Вешта жена“ 2023 год. на Кичево, за најуспешна беше прогласена масата на Елена Јовческа за аранжманот „Пролет“ по кој се стекна со право да земе учество и на републичката манифестација „Вешта жена 2023“, која што по 31-први пат ќе се одржи на 12 и 13 мај во Тетово. Покрај победничката, во конкуренција беа и масите што ги аранжираа Дона Димоска, која го освои второто место и Роза Милеска која заврши како трета – рече Јагода Петреска, дел од тимот што традиционално ја организира оваа манистација и нагласи дека самото име на победничката маса доволно зборува за нејзиниот изглед бидејќи беше украсена како и најубавото годишно време пролетта со многу цветови.

Фото: З.А

Организаторите посочија дека годинава нема локална учесничка со маса за Гран При и наместо од Кичево во оваа конкуренција учествуваше вешта жена од Струга, каде од одредени причини годинава оваа манифестација нема да се одржи.

З.А