фото: Влада на Украина

Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михаил Подољак, истакна дека руската војска ја променила тактиката на ракетниот напад врз Украина и сега таргетираат цивили, пренесува РБК-Украина.

– Апролутно е јасно дека има извесна промена во тактиката. Нема сомнеж во тоа бидејќи директно напашаат цивили, станбени комплекси или места каде што има бројно цивилно население – рече тој.

Според Подољак, Министерството за одбрана на Руската Федерација постигнува неколку цели со оваа промена на тактиката.

Како прво, руската армија сака да предизвика одредени реакции во Украина кои можат да ја забрзаат контраофанзивата за вооружените сили на Украина да тргнат во напад неподготвени.

Москва исто така, се надева дека смртта на украинските цивили ќе ги поттике западните земји да почнат да бараат итни преговори.

– Третата причина е што сакаат да утврдат дали е можно да се нападне не само во правците што ги напаѓаа зимоска и есента, дали е можно да се нападне цивилното население со заобиколување на нашите системи за противвоздушна одбрана. И проверуваат дали целосно сме го затвориле небото или не – додава Подољак.

Ноќта на 1 мај, руските трупи извршија уште еден ракетен напад врз Украина по кој Командата на вооружените сили на Украина соопшти дека собориле 15 од вкупно 18 проектили.

– Во гранатирањето на Павлоград, во областа Днепропетровск, загинаа две лица, а 40 се повредени, а оштетени се десетици куќи – изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Ноќта на 28 април, руската армија изврши ракетен напад врз Черкаси и Киев, градови во регионите на Днепропетровск. Според податоците на Вооружените сили на Украина, 21 од 23 проектили биле соборени.

Една ракета погоди повеќекатна станбена зграда во Уман, при што загинаа 23 лица, меѓу кои шест деца.