Фото: Зоран Антоски

Екипата на „Исаф“ од Лабуништа го освои првото место со вкупен улов од 77,885 килограми на првиот „Боила куп Кичево 2022“ што во изминатите три дена се одржа на Осломејско Езеро. На натпреварот учествуваа 19 екипи, од кои пет од странство, а вкупниот улов на крап во трите дена изнесуваше 646,475 килограми.

– Во изминатите три дена се одржа првиот „Боила куп Кичево 2022“. На купот зедоа учество 19 екипи, од кои пет од странство. Во период од 72 часа колку што траеше натпреварот ,екипата на риболовното друштво „Исаф“ од Лабуништа го освои првото место со вкупен улов од 77,886 килограми. Второто место го освои риболовниот клуб „Арнаудов Карп Тим“ од Охрид со вкупен улов од 63,355 килограми, со што во истиот период улови вкупно 20 примероци на крап. Третото место и припадна на екпата на „Керп Тим Кинг“ со вкупен улов од 62,755 килограми – истакна претседателот на спортско риболовното друштво „Хантер Фиш“ од Кичево, Бесмир Елези.

Тој потсети дека во текот на тридневниот риболовен натпревар вкупниот улов на крап  изнесувал 646,47 килограми, односно 206 примероци.

– Покрај екипниот натпревар беше прогласен и риболовецот кој го улови најголемиот примерок а се работи за капиталец од 15,89 килограми. уловен од член на риболовното друштво„ Арнаудов Карп Тим“ од Охрид. За освоените први три места на натпреварот, екипите добија висококвалитетен риболовен прибор а со убава награда се стекна и риболовецот кој го улови најкрупниот примерок на крап. Следниот спортско-риболовен натпревар на Осломејско Езеро ќе се одржи во септември, како што додаде Елези. З.А.