Фото: М.М

Во прекрасен амбиент и незаборавна гала вечера, пред повеќе од 600 гости беа прогласени најуспешните битолчани по изборот на читателите на Битолски весник.

На Манифесатцијата, која според сите присутни беше една од најубавите досега организирани, беа доделени вкупно 35 награди во разни категории.

Признанието стопанственик на годината го доби генералниот директор на „РЕК Битола“ Пеце Матевски.

Во областа на културата беа доделени две награди, за директорката на „КИЦ Битола“, Лили Бошевска и директорката на Центарот за култура Маја Андоновска – Илијевски.

Од областа на невладините организации признанието го доби „Сфера Интернешнл“.

Наградата која го носи името на авторот на песната Битола мој роден крај, Ајри Демировски, која Битолски весник посмртно ја доделува му припадна на Димитар Андоновски.

Фото: М.М

Во областа на новинарството наградата ја доби сопственикот на порталот “Сакам да кажам“, Горан Михајловски, а во спортот на „РК Еурофарм Пелистер.

Признанието за животно дело го доби доајенот не само на битолскиот туку и македонскиот театар, Борис Чоревски – Чоре, додека наградата за трајни вредности ја доби ликовниот уметник од Битола, Панде Петровски.

Фото: М.М

На манифестацијата посебни признанија му беа доделени на сопственикот на порталот „Човекот пред се “, Трифун Костовски, претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азевски, а признанието Гран При му припадна на претседателот на УО на Меѓунардниот Славјански Универзитет проф. Д-р Јордан Ѓорчев.

Фото: М.М

Поради веќе закажаните претседетелски и парламентарни избори Битолски весник за прв пат од постоењето на Манифестацијата не додели награда во областа на политиката.

М.М.