Зголемена е цената на кромидот, на Градскиот пазар во Штип се продава по цената од 60 до 80 денари за килограм. Димче Колев раководител на Градскиот пазар во Штип за МИА потврдува дека цената на кромидот е зголемена веќе втора недела и се продава од 70 до 80 денари за килограм во зависност од големината и квалитетот.
-Причината за зголемувањето на цената на кромидот според земјоделците и продавачите, кои имаат закупено тезги на Грдаскиот пазар е заради тоа што го нема во доволни количини. Ваквата цена се очекува да биде и во април и почетокот на мај, кога се очекува да излезат и првичните количини на кромид од наше македонско производство – вели Колев.
Земјоделката, Маре Стојанова која продава зеленчук на Градскиот пазар во Штип вели дека кромидот е скап на големите пазари, затоа е скап и на малите пазари. Стојанова вели ако пред пет до шест години произведувала зеленчук и овошје на 12 декари, сега нејзината градина е намалена на само два декари.
-Ако се намали цената на нафтата ќе се намалат и цените на зеленчукот, ако не тешка работа. Овие не се доволни цени за работната рака што е скапа и нафтата исто така. Како ние што сме производители на пример, тешко е, скапа работната рака. Ние работевме шест до осум души на нашето земјоделие пред неколку години. А сега не може ниту два декара да се изработат – рече Стојанова.
Претходниот петок на пазарот во Штип имаше високи цени на доматот и краставицата, но енормно висока цена тогаш достигна кромидот.