Ни иницијатива на Друштвото на спортските риболовци „Хантер-Фиш“ од Кичево, љубители на убавата природа и ентузијасти, се тампонира патот до и крај Осломејското Езеро, кој беше во исклучително лоша состојба. Досега беше многу тешко со возило да се стаса до езерото поради многуте дупки и нерамнини на овој пат кој ги создале возилата кои тука се движат, особено во дождливиот период од годината, кога глинестата подлога е многу мека.

– Здружението на спортски риболовци од Кичево „Хантер-Фиш“, презеде иницијатива конечно да се дотера патот до и крај Осломејското Езеро. За заокружување на овој проект, беше покрената акција да се соберат доволно средства, за да може оваа операција целосно да се заврши. И како многупати досега, во акцијата се вклучија поголем број донатори и помагатели, како од градот, така и надвор од Кичево. Акцијата е во полн ек, работите на терен се одвиваат според очекуваната динамика и наскоро очекуваме, како патот до езерото, така и околу него, да биде саниран. Дупките и нерамнините ќе бидат минато, а пристапот до езерото значително полесен – вели Бесмир Елези, претседател на ова здружение.

Од риболовното друштво уште еднаш упатуваат благодарност до сите донатори и помагатели кои се вклучиле во оваа акција и особено до компанијата „Линди“, за донацијата со која ја помогна оваа акција. З.А.