Општина Чешиново-Облешево, во согласност со препораките на Владата, спроведе дезинфекција на сите улици и јавни површини на својата територија. Надлежните велат дека е редовна примената на мерките од страна на локалните институции за да се спречат внесувањето и ширењето на коронавирусот.
– Повторно апелираме до сите граѓани да ги следат препораките, да постапуваат одговорно кон своето и здравјето на другите и да ги почитуваат мерките и препораките од Министерството за здравство и Светската здравствена организација. Избегнувајте движење надвор од домовите. Сите лица што претходниов период патувале во високоризичните и средноризичните земји да се самоизолираат. Избегнувајте непотребни контакти, не собирајте се во групи, не излегувајте без потреба. Не дозволувајте полициските или медицинските служби да ве опоменуваат поради вашето несовесно однесување – порачуваат надлежните, со напомена дека непочитувањето на препораките за заштита од болеста ковид-19 е казниво.