Во Градскиот парк во Битола, пред споменикот „Руски крст“, со одржување на панихида денеска беше одбележаната трагичната смрт на првиот руски конзул во Битола, Александар Аркадјевич Ростковски.

На панихидата, со која чиноначалствуваше владиката на преспанско-пелагониската епархија г.г. Петар, која во организација на Регионалното здружение за македонско-руско пријателство „А.А. Ростковски“ се одржа во негова чест, присуствуваа амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Сергеј Баздникин,  градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, претседателот на УО на Меѓународниот славјански универзитет Г.Р. Державин, Јордан Ѓорчев. Сите тие положија букети свежи цвеќиња на споменикот „Руски крст“.

Зачувувањето на споменот за Ростковски и одбележувањето на неговото дело во Битола е нешто што ги поврзува двата народа, при тоа зајакнувајќи го пријателството и соработката, истакнаа амбасадорот Баздникин и градоначалничката Петровска.

А.А. Ростковски бил руски конзул и служел во Битола од 1895 година. Убиен е во средината на илинденското востание на 8 август 1903 година. Инаку, да потсетиме Александар Аркадјевич Ростковски беше убиен на 10 август 1903, во пресрет на празникот Преображение Христово. Во негова чест во 2003 година во Градскиот парк во Битола е подигнат споменикот „Руски крст“. М.М.