На денешната прес-конференција, опозиционата ВМРО-ДПМНЕ побара оствака од градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

– Се поблиску сме до крајот од мандатот на градоначалничката Петровска и нејзините
директори. Локалната самоуправа на СДСМ три и пол години ја следи неспособност која остава хаос позади себе. На седницата на 5 април, кога Битола беше прогласена за град со најголем коефициент на пренос на заразата, советниците од власта гласаа за именување на управни и надзорни одбори и завршни сметки на претпријатијата. Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, беше единствена точка на дневен ред да биде состојбата со ковид кризната и како да им помогнеме на граѓаните, но не беше поддржана од страна на советниците од мнозинстовото.  Со тоа, покажаа дека за нив поважно е назначување на партиските кадри отколку здравјето на битолчани. Некоординираноста на централната и локалната власт стигна до тој степен што градоначаничката Петровска предложи предвремено отворање на терасите на кафулињата во Битола, за по само неколку часа да се донесе мерка за затворање на истите. И предлагаме на градоначаничката Петровска, наместо да пишува статуси со навреди кон битолчани, да им помогне во оваа тешка ситуација. Најлесно
ќе помогне со оставка! Да понесе одговорност за водењето т.е. неводењето на кризниот штаб и само на тој начин ќе и помогне на битолчани – беше речено на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ. М.М.