Дури 10 компании пројавиле интерес да ја градат новата детска градинка во Битола, во населбата АРМ (поранешна Касарна). Предвидено е новата детска градинка во Касарната да зафаќа површина од 2.012 метри квадратни и ќе биде наменет за прием на околу 250 деца.  По изборот на изведувачот, ќе бидат определени и фазите на работа на овој објект.

Со изградбата на новата детска градинка, но и со адаптацијата на другите два објекти на градинката „Снегулка“ и дел од поранешниот „Мајчин дом“, за кои се во тек јавните набавки за изработка на проект, во голема мерка ќе биде намален бројот на деца кои се наоѓаат на листата на чекање за прием во градинките во Битола. Инаку, за изградба на новата детска градинка компанијата „Кроберг и Шуберт“ неодамна донираше околу 200.000 евра. М.М.