Вкупно 129 битолчани ќе добијат субвенции за купување на велосипеди од 297 колку што се јавија на јавниот повик. Останатите 168 граѓани кои „задоцнија“ на јавниот
повик кој го распиша Општината ќе мора да чекаат друга прилика.

Инаку, Општина Битола, со цел да ги стимулира граѓаните за користење на превозни средства кои не го загадуваат воздухот, деновиве објави јавен повик со кој
им обезбедува поврат на дел од потрошените средства за купување на велосипеди, од денот на објавување на повикот.

Според условите во јавниот повик, бројот на лица кои ќе добијат средства е ограничен, а буџетот на Општината за оваа намена изнесува 700.000 денари. Распределбата на средствата се изврши по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Висината на субвенциите се движи до 50 отсто од вредноста на велосипедот и најмногу до 5.000 денари. Списокот на граѓаните кои ќе добијат субвенции општината го објави на својата веб-страница. М.М.