За населбата над приватната болница за гинекологија и акушерство, „Плодност“, битолчани велат дека е во најмала рака битолско „Водно“. Но иако на тој дел од Битола се изградени без конкуренција најубавите и најскапите индивидуални станбени објекти и колективни станбени згради, сепак, жителите на тој дел од Битола, се жалат дека немаат услови за нормален живот.

Раскопани улици, искорнат асфалт, кал. Тоа е сликата која може да се забележи на овој дел од Битола. Тоа што најмногу ги нервира жителите од оваа улица е што таа остана ископана откако пред неколку месеци беше интервенирано во градбата на водоводната мрежа. М.М.