KИСЕЛА ВОДА

Со поддршка од Општина Кисела Вода, а во организација на кошаркарскиот клуб Ангели од Кисела Вода, во спортската сала „Независна Македонија“, во петокот, саботата и неделата се одржа баскет-турнир 3×3, на кој учествуваа три возрасни категории, младинци, сениори и ветерани. Во младинска конкуренција учествуваа шест екипи и се одиграа седум натпревари. На финалниот натпревар силите на теренот ги одмерија младинските екипи на КК Ангели и КК Вардар. Победник на овој натпревар беше екипата на КК Ангели. Во сениорска конкуренција учествуваа девет екипи од цела држава и се одиграа 12 натпревари.
Во финалето се пласираа екипите на Даст и Терминатори. На овој натпревар победи екипата на Даст. За најдобрите учесници и освојувачи на турнирот, кошаркарскиот клуб Ангели заедно со Општина Кисела Вода додели ваучери во вредност од 50.000 денари.