На денешната работилница на Судско медиумскиот совет, која се одржа во Апелациониот суд во Битола, новинарите и судиите од Апелационото подрачје Битола, Прилеп и Охрид разговараа за поголема соработка помеѓу новинарите и судиите.
Целта на состанокот беше да се воспостави дијалог меѓу новинарите и судиите се’ со цел за поголема транспарентност од страна на судството, за пресудите што се носат да бидат повидливи, за поголемиот број граѓани поразбрани, а од друга страна и новинарите да можат на најдобар можен начин ја вршат својата новинарска професија и да известуваат квалитетно од судските процеси.
Едиствената цел на Судско медиумскиот совет е да се воспостави дијалот меѓу судиите и новинарите и активно учество во изработка на законски проекти, кои ќе им ја олеснат работата и на судиите и на новинарите.
М.М.