Доцна синоќа заврши асфалтирањето на улицата „Димитар Илиевски Мурато” во Битола, на потегот од раскрсницата со улицата „4 Ноември” до раскрсницата со
улицата „Никола Тесла”.
Со активностите во саботата, завршена е првата фаза од реконструкцијата на оваа мошне фреквентна улица, која врви низ строгиот центар на Битола.
Во втората фаза, реконструкцијата на оваа улица ќе продолжи од раскрсницата со улицата „Никола Тесла” до поврзувањето со улицата „Широк Сокак”.
На улицата „Димитар Илиевски – Мурато“ целосно беше сменета и водоводната инсталација, која претходно не беше променета цели 60 години. М.М.