Со низа свечености, манифестации, културни и спортски настани, Битола денеска ја одбележува 75-годишнината од ослободувањето на градот.

Во изминатите три дена, во Битола се одржаа низа културни и спортски настани: изложби, промоции на книги, велосипедска трка, шаховски турнири за младинци и сениори, ноќна атлетска трка, како и „Оф роуд тура“.

Завршната манифестација, по повод празникот на Битола, 4 Ноември, вечерва во салата на Народниот театар во свечено ќе бидат врачени четврто ноемвриските награди на најуспешните битолчни, кои со своите успеси и резултати ја одбележаа оваа година.

Инаку добитник на највисокото признание за животно дело е актерот на Народниот театар во Битола, долги години директор на оваа театарска куќа, пратеник и министер за култура, Благој Стефановски – Баге.

За едногодишни постигнувања признанието „4 Ноември“ го добија психологот Марија Младеновска-Димитровска, Печатницата „Киро Дандаро“, Васко Михалчев – пилот, педагогот Ѓорѓи Лазаревски, Д-р Јасмина Буневска-Талевска, хуманистката Марија Росенгрен и градинката „Мајски цвет“.

М.М.